„Зошто сакам да скокам“ – вистинска приказна за едно аутистично дете

Вчера се одржа хуманитарен настан на кој беше промовирана книгата „Зошто сакам да скокам – вистинска лична приказна на едно аутистично дете.

Книгата претставува еден вид на мемоар, во кој Наоки Хигашида, тринаесетгодишно момче со аутизам, демонстрира како аутистичниот ум размислува, чувствува, гледа и реагира, на начин кој само неколку од нас можат да си го замислат. Родители и членови на семејството кои никогаш претходно не ни мислеа дека можат да навлезат во главите на нивните аутистични деца, сега имаат можност да го погледнат нивниот свет одблизу.

Собраните средства од донациите, како и средствата од понатамошната редовна продажба на книгата ќе бидат наменети за помош и поддршка на децата и семејствата кои се справуваат со аутизмот.