Зошто секоја жена има еден маж кому постојано му се враќа?

Жените имаат лоша навика да веруваат дека работите ќе се променат.

Со тек на време, механички почнуваат да ги избегнуваат контроверзните и стресни ситуации, како би се заштитиле самите себе. Тоа подразбира и останување во нестабилна врска.

Зошто никако не можат да го остават тој еден маж?

Зошто повторно му се враќаат одново?

1. Оправдување: Овојпат ќе биде поинаку

Жени секогаш се водат по тоа дека една иста грешка не се прави двапати. Но, ништо од тоа. Просто е магично колку лесно навлегуваат во круг и се вртат со месеци, години.

2. Тој е резервен план

Кога работите ќе тргнат наопаку, тој е тука. Тој ги решава проблемите, ги поправа грешките, спасува, слуша, навива за нас… Но, дали треба да се враќате назад секојпат кога нешто нема да излезе по планот? Време е сами да се борите со проблемите.

3. Болката е составен дел од секоја врска

Толку се убедувате дека болката е нормална, што веќе не ни знаете како изгледа среќата. Сепак, врската би требало да има повеќе среќни моменти, отколку болни. Треба да уживате во меѓусебното присуство, а не да живеете во меланхолија.

4. Менувањето заради него ве прави успешни

Дали сте сигурни? Тешко. Менувањето заради него не ве прави силни, тоа не е компромис, туку жртва. Секако, со тек на време вашата слабост се користи.

5. „Ако ова не успее – се зафркнав и останав сама“

Последно и најчесто – страв од осаменост.