сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Зошто сексот не може да биде само секс?

Колку често сте го користеле оправдувањето “беше само секс”? Колку и да ви се сака да мислите дека може да легнете со некого за час-два или цела ноќ, а потоа да прифатите дека ништо не се случило, тоа нема да се случи. Сексот никогаш не би можел да биде само секс.

seks-pozi02

Поврзани вести

Колку често сте го користеле оправдувањето “беше само секс”? Колку и да ви се сака да мислите дека може да легнете со некого за час-два или цела ноќ, а потоа да прифатите дека ништо не се случило, тоа нема да се случи. Сексот никогаш не би можел да биде само секс.

Тој е многу повеќе од тоа и човечката природа никогаш не би дозволила да си остане само секс. Постојат многу причини сексуалниот однос да е над физичките компоненти. Погледнете некои од нив.

Сексот значи емоција
Кога имаме секс, има преклопување помеѓу овој дел на мозокот кој е одговорен за сексуалната желба и друг дел кој одговара за емоциите, љубовта. Иако се одвоени како чувство, нашиот мозок може да ги обработува како едно. Можеби мислите дека тоа се случува најчесто кај дамите? Не, не е така, се случува и кај мажите, бидејќи сексот е и емоција, не е само чисто физички чин.

Создаваме врска
Дури и да се обидувате да ги држите емоциите настрана, вие создавате нови односи. Секс за забава со пријател? Одлично, но очигледно не сте забележале дека веќе сте формирале врска, сексуална врска.

Оставаме трага зад себе
Нашето ДНК нè принудува да жеднееме за секс и да создаваме генерација. Какочовечки суштества природата ни одредила да бараме три нешта – храна, засолниште и некого со кого ќе се парат. Нашето ДНК постојано нè потсетува колку е важен сексот, но тој никогаш не е самостоен чин.

Поврзан е со одредени ризици
Ризикот од сексуално преносливи болести, несакана бременост, потсетува дека сексот никогаш не е само секс. Степенот на влијание на сексуалниот чин може да бидат мал, поголем и во некои случаи да менува животи.

Сексот е магија
Се уште ли гледате на сексот едноставно како на физички чин помеѓу двајца луѓе? Тој е многу повеќе од тоа. Тој е спојување со партнерот, допир, мирис, звук. Сексот е љубовната игра, за која копнеете, тантрички техники, довербата во партнерот, вашите фантазии. Реинвенција на сексуалноста, желбите.

Најчитани вести