вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 25

Зошто силните жени привлекуваат погрешни мажи?

Дали сите современи и успешни жени навистина се толку среќни и задоволни како што сите мислат?

Зошто силните жени привлекуваат погрешни мажи?

Зошто силните жени привлекуваат погрешни мажи?

Последни вести

Модерните, независни, самоуверени и успешни жени се пример за многу други жени, кои се чувствуваат слабо и инфериорно во односот на мажите. За оние жени кои се економски и психички зависни и не можат да излезат од традиционалните женски улоги.

Но, дали сите современи и успешни жени навистина се толку среќни и задоволни како што сите мислат?

За жал, често не се. Тие се експерти, а нивниот бизнис им носи престиж и статус во општеството, како и пари но, многу често како по правило немаат среќа на емоционално и интимно ниво.

Нивните љубовни врски обично траат кратко. Зошто е тоа така?

Современите, успешни жени се финансиски независни жени кои можат да живеат од нивните приходи, кои имаат либерални убедувања, високо образование и култура.

Тие се енергични, самосвесни и силни личности кои знаат што сакаат и како да го постигнат тоа. Се разбира, тоа не значи дека тие мора да се феминистки, сурови, строги личности…

Проблемот на силните жени е тоа што ги привлекуваат непостојани мажи, незадржливи „осамени волци“. Силните жени, понекогаш ги избегнуваат силните мажи, поради страв дека ќе ја изгубат својата независност, достоинството и самоконтролата.

Според Карл Густав Јунг, кога жената ќе се вљуби со неа управува нејзиниот „Анимус“.

Овој архетипски модел е формиран според нејзиниот патријархален татко, конзервативен работник кој често е отсутен од дома.

Токму ова е причината зошто модерните и силните жени и покрај своите либерални погледи, се вљубуваат во непостојани и отсутни мажи, кои ја потиснуваат својата потреба кон приврзаност, а не во чувствителни и пристојни мажи.

Најголемиот непријател на силната жена се наоѓа во неа, несвесното.

Најчитани вести