недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 27

Зошто СЈО го крие списокот со ангажираните експерти?

sjo

Последни вести

Зошто специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева молчат и ја кријат листата на експерти кои се ангажирани од страна на СЈО, а за која портпаролката Ленче Ристоска пред една недела рече дека дополнително ќе биде доставена до медиумите? Ова е прашњето кое се наметнува во јавноста, откако СЈО се уште не ја достави листата на ангажирани експерти.

Зошто јавноста не смее да го знае списокот на експерти кои ги плаќа Катица Јанева? Наместо одговори од специјалното јавно обвинителство, денеска до медиумите беше испратен демант од СЈО

-Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите,  целосно ги демантира наводите во врска со листата на експерти ангажирани од страна на ова Јавно обвинителство, изнесени од страна на некои медиуми, дека СЈОговори невистини. Насловите: “Сјо излажа: Каде е листата со експертите”,„СЈО ПОВТОРНО ИЗЛАЖА: Продолжува да крие кои експерти се на нивниот платен список и колку се платени“, „ Сјо излажа дека ќе достави список со ангажирани експерти и колку се платени“, „СЈО крие кои експерти се на нивниот платен список и колку се платени!не соодветствуваат со вистината бидејќи ова Јавно обвинителство ниту сега ниту претходно некогаш ја има излажано јавноста, а насловот токму тоа го имплицира, стои во демантот.

По ваквиот демант од СЈО, КУРИР дополнително се обиде да добие одговор од ова обвинителство дали е точно дека Ленче Ристоска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција најави дека што е можно побргу ќе ги испрати листите со ангажирнаи експерти, зошто до сега тоа не е сторено, која е причината за криењето на нивните имиња и дали не чувствуваат обврска за отчет. Наместо конкретен одговор од СЈО зошто се крие списокот со експерти, од СЈО повторија дека на последната прес конференција, Ристоска изјавила дека листите со експерти ќе бидат објавени во следниот шестмесечен извештај.


Ристоска тврдеше дека писмено ќе ја достават листата

Одговарајќи на новинарксо прашње во петокот Ристоска рече дека во тој момент точна листа на експерти не можела да даде, но немало никаков проблем истата писмено да биде дополнитело доставена. Иако дури два пати повтори дека нема никаков проблем, сепак проблем има, бидјеќи листата се уште не е доставена и непознато е од која причина се крие од јавноста.

-Точна листа на експерти во овој момент не можам да ви дадам. Писмено ќе ви ја доставиме нема никаков проблем.

Писмено ќе ви ја доставиме нема никаков проблем. Професорот Шкариќ и адвокатот Тортевсски се, мислам дека се, ќе морам да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство, со тоа што како што ви напоменав, детална листа, за да не шпекулирам и да кажам нешто што не е точно во овој момент ја немам листата на експерти пред мене, детална листа ќе ви биде дополнително дадена, рече Ристоска.

И една недела по ваквата изјава на РИстоска, листата се уште не е доставена и покрај инсистирањето на медиумите, со манипулативно образложение дека листата на експерти и нивните надоместоци ќе бидат јавно објавени во вториот шестмесечен извештај и никаде не било споменато дека листата ќе се објавела порано.

Најчитани вести