Зошто специјалната обвинителка Јанева бара продолжување на мандатот

сјо

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева којашто за 18 месеци по сопствено признание заедно со скапо платениот гломазен тим, успеала да преслушаат само 45 отсто од незаконски прослушуваните и прибавени телефонски разговори кои ѝ го даде сегашниот премиер Зоран Заев, и успеа да оформи само 17 обвиненија, во четвртокот апелираше да биде продолежен мандатот на СЈО.

 

„Експертите, професорите, јавноста во земјава ќе ја увидат потребата од постоењето на СЈО, на кое се надева дека во наредниот период ќе му биде дадена задачата за откривање висока корупција сторена во земјава“, изјави во четвртокот на пре-сонференциајта Катица Јанева, челничката на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите одговарајќи на новинарски прашања.

Прашањето е дали Јанева навистина толку е правдо и вистинољубива или, пак, не успеала да ги испорача порачките во рокот за кој нејзините ментори процениле дека ем е доволен ем е најефикасен за да не се разгорува натаму кризата.

Меѓутоа, според се’ судејќи, мотивите на Јанева произлегуваат од енормната за македонски услови плата од околу три илјади евра, покрај дополнителните трошоци, кои ѝ овозможуваат да ужива во она што најголемиот дел од македонските граѓани го гледаат само на телевизија.

kate na mermer

Така специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во луксузен спа-центар се грее на врел кревет од мермер, трошејќи ги парите на граѓаните, пишува Вистина.мк.

„Со 3.000 евра месечна плата, Јанева може да си допушти се’ што ќе посака, па токму затоа и бара продолжување мандатот, за да продолжи со луксузот. Со 3.000 евра народна плата, и платени трошоци, Јанева наместо да ја врши професионално работата, единствено што успеа да направи е на очиглед на целата јавност да спроведе бескруполозна и срамна политичка хајка против раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува порталот.

Инаку, годишно четири милиони евра народни пари се одлеваат од џебовите на граѓаните на сметките на СЈО, за кои Катица Јанева одбиваше да каже каде се трошат. Благодарение на прашањата на новинарите, јавноста дозна дека меѓу астрономските плати на обвинителите од 3.000 евра, парите се трошеле и на скапи патувања, хотели и аранжмани, странски советници и домашни псевдо-експерти, но и за медиумска „поддршка“.

Така, продолжениот мандат за СЈО, секако, ќе значи и повеќе плати, повеќе патувања и продолжување на луксузирањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.