Зошто швајцарското сирење има дупки?

Научниците конечно открија зошто швајцарското сирење има дупки, и по се изгледа се се сведува на количеството нечистотии во кантите каде се собира млекото.

Спротивно од она што се сугерира во цртаните филмови, швајцарското сирење не е издупчено од глувци, а ниту резултатот на бактериско отпуштање на јаглен диоксид не игра голема улога, како што претходно се тврдеше.

Со лабораториско истражување било утврдено дека за дупките се одговорни минијатурните честички од сено. Земјоделскиот институт на швајцарската влада Агроскопе наведува дека микроскопски малите честички од сено паѓаат во кантите каде се собира млекото и предизвикуваат создавање на поголеми дупки додека созрева сирењето.

Млечната индустрија дупките во сирењето ги нарекува очи. Сирењето без дупки е познато и како „слепо“ сирење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.