Зошто „тече“ од носот кога е многу студено

Иако сте целосно здрави често се случува веднаш штом излезете на студот да почне да ви „тече“ од носот, и во ваква ситуација се наоѓаат меѓу 50 и 90 отсто од луѓето, а појавата стручно се нарекува „ринитис предизвикан од студ“ или „скијачки нос“, пишува порталот ScienceAlert.

На оваа појава особено се склони лица кои патат од астма или екцем, а кај поединци од носот дневно истекува и цела чаша од овој водест исцедок или меѓу 300 или 400 милилитри течност. Др Дејвид Кинг, професор од Универзитетот Квинсленд, објаснува дека ниските температурите го активираат природниот механизам чијашто цел е да го загрее и навлажни воздухот кој го вдишуваме пред тој да дојде во белите дробови, за притоа да не дојде до иритирање на клетките.

„Кога дишеме на нос, а надворешната температура е под нулата, воздухот на излегување од носниот канал на патот кон белите дробови најчесто достигнува температура од 26 а понекогаш и 30 Целзиусови степени. Влажноста во тој момент е над сто отсто, без оглед на тоа колку воздухот кој го вдишуваме е студен. Тоа докажува во која мера носот ефикасно гарантира воздухот кој го вдишуваме во градите да дојде топол и влажен“, појаснив др Кинг.

Студениот и сув воздух ги стимулира нервните завршетоци во носот коишто испраќаат порака до мозокот, а овој важен орган на порака реагира така што ја засилува циркулацијата во носот. Реакцијата на носот на студенилото е рефлексна реакција на нервите. Притоа проширените крвни садови го загреваат воздухот кој минува преку нив на патот кон белите дробови. Тоа истовремено е покренувач кој предизвикува засилено лачење на водестиот исцедок од жлездите во слузницата на носот за воздухот кој го вдишуваме да биде влажен во моментот кога ќе стаса до дробовите.

Губењето на топлината и водата се тесно поврзани. Загревањето на воздухот во носните шуплини значи дека тие стануваат малку постудени од остатокот на телото, а истовремено течноста испарува за воздухот да стане повлажен. И испарувањето на течноста коешто бара повисока температура ја „извлекува“ топлината од носот, правејќи го постуден. Циркулацијата, како одговор на овој процес, дополнително се зајакнува. Имено, организам е свесена за приоритетите: поважно е воздухот до белите дробови да стаса загреан, туку да го спречи губењето на топлината преку носот.

За организмот не е едноставно да ги избалансира сите споменати процеси во текот на коишто важно е постојаното одржување на идеалната рамнотежа меѓу губењето на телесната топлина и влажноста преку носната шуплина. Штом ваквата рамнотежа ќе биде нарушена, истекува вишокот од воденестиот исцедок, оној којшто нема да биде искористен за навлажување на воздухот на патот кон белите дробови.

Др Кинг истакнува дека „течењето“ од носот е природна физиолошка појава, и вели дека „засиленото лачење на водениот исцедок е неопходно да се подобри навлажнувањето и прочистување на воздухот во студена опкружување“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.