Зошто толку тешко одиме на избори?

Проблемот е дека поголемиот дел од сегашните пратеници на ВМРО ДПМНЕ и повеќето министри не се за тие функции. Немаат визија, затоа немаат цврст став, а и страшливи се. За таа плашливост им сугерираат некои возрасни бескичмењаци од времето на социјализмот во улога на советници. Се знае, дека и по распуштањето на Собранието и со одржувањето на изборите на 5 јуни, САД не се откажува од својата цел да ја уништат македонската држава. Глупи се тврдењата дека Бејли и неговата компанија од ЕУ се разочарани од опозицијата и попуштиле. Америкаците никогаш доброволно не попуштаат. Тие се поопасни од Германците, за кои се знае дека капитулираат едвај кога главите им се на два метри од телото.

Ние изгубивме 25 години во одбранбена калкулација кој ќе не признае и кој нема. Затоа и не изградивеме вистинска држава. Се плашиме од сопствената сенка, а потоа друг ни е виновен. Петти јуни мора да биде само почеток за расчистување на кризата. А, бидејќи кризата беше создадена од организации, групации и индивидуи, мора да се расчисти со тие македонски неоријатели. Мора воопшто да не не’ интересира не само кој ќе учествува и кој не, на изборите, а и кој ќе ги признае и кој ќе добие.

Одлагањето на изборите за 24 април се должи на попуштањето пред уцените дека САД и ЕУ немало да ги признаат резултатите. И што од тоа? Нашата иднина е во наши раце , а не во распагаштата на другите. Се разбира, ако ја заложиме иднината во канџите на САД и ЕУ, нема да постоиме. Тоа македонскиот народ одамна го знае. Затоа потребни ни се лидери како Кастро, Чавез, Орбан, Земан. САД успеваат кога имаат пред себе водачи како Горбачов, Елцин, Садам Хусеин, Милошевиќ, Џинџиќ, Вучиќ т.е. луѓе хаотични, преплашени, неспособни за краен отпор. Си претпоставувам како еден Кастро или Чавез би ја искористиле ситуацијата од 9 мај минатата година по разгромот на терористите во „Диво насеље“. Секако, не со поднесување на оставки од министри на МВР и од шефот на УБК. Прво, би ги уништиле терористите до последниот човек. Второ, би ги идентификувале седумтте Американци и Англичани и би им ги ставиле труповите на главниот плоштад за сликање од светските медиуми. Трето, преку Русија и Кина би побарале итна седница на Советот за безбедност за отворен тероризам против наштата земја. А, потоа ќе ги уапсеја опозоционите предавници, ќе го истераа Сорос и ќе ги распуштеа антивладините организации. И сето тоа во неколку денови. На 20 септември 2006 година пред Генералното собрание на ООН, Чавез кажа дека „Ѓаволот е тука“. Дали ќе чуеме некогаш од македонски претседател дека „Ѓаволот дојде тука вчера. Таа трибина уште мириса на лош мирис. Ќе биде потребен психијатар за да ги анализира неговите зборови … Америкаци одете си дома“.

Има ли денес меѓу македонскиот народ личности како Кастро, Путин, Чавез итн?

Има, но партиите не им даваат можност за изјава. Идните победници уште се во кафез.