Зошто треба да јадете диња секој ден?

  1. Го штити здравјето на очите

Дињата содржи нутриенти важни за здравјето на очите – бетакаротен (од кој се ослободува витамин А),  витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Заексантинот е важен каретонид што се апсорбира во ретината на окото каде што дејствува антиоксидативно и како УВ заштита. Неколку студии покажаа дека каротеноидите го забавуваат деструктивниот процес во ретината и во ретиналниот пигмент што води до макуларна дегенерација (болест на средниот дел на мрежницата) што вообичаено се јавува кај повозрасните лица.

  1. Го намалува ризикот од астма

Ризиците од развивање астма се пониски кај луѓето што конзумираат поголеми количества одредени нутриенти. Еден од нив е бета каротенот, што може да се најде во жолтото и портокалово овошје како дињата, тиквата, морковите и зелениот лиснат зеленчук. Витаминот Ц исто така е важен нутриент што штити од астма, помага против губењето кислород и го намалува ризикот од алергиски реакции, а дињата го содржи во големи количества.

  1. Го регулира крвниот притисок

Дињата содржи влакна, калиум витамин Ц и колин што го штитат здравјето на срцето. Консумацијата на храна богата со калиум поамага во регулацијата на нивото на натриум кај третманот на виоскиот крвен притисок. Калиумот му помага на организмот  во ослободувањето на вишокот натриум што е важно кај третманот на виоскиот притисок. Калиумот му помага на организмот во ослободувањето на вишокот натриум и на тој начин го намалува покачениот крвен притисок. Калиумот е потребен за регулирање на рамнотежата на водата, кисело-базната рамнотежа и невромускуларните функции, а исто така игра важна улога во пренос на електричните импулси до срцето. Внесувањето калиум е поврзано со намалениот ризик од мозочен удар и губењето мускулна маса. Овој минерал ја чува густината на коските и го спречува појавувањето на камен во бубрегот.