четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 33

Зошто велиме: „Чукни во дрво“?

Луѓето често удираат во дрво кога ќе изговорат некоја реченица која ја предизвикува судбината. Воглавно несвесно, удираат во дрво за да се осигураат дека нема да се случи нешто лошо.

cukni-vo-drvo-620x396

Последни вести

Дали знаете дека луѓето не удираат во дрво за среќа, или да го избркаат лошото само на овие простори? И дали некогаш сте се запрашале зошто тропаме во дрво?

Луѓето често удираат во дрво кога ќе изговорат некоја реченица која ја предизвикува судбината. Воглавно несвесно, удираат во дрво за да се осигураат дека нема да се случи нешто лошо. Односно, ако го гледаме историското значење, удираат во дрво за да ги истераат злите духови кои во него се наоѓаат.

Пред доаѓањето на христијанството и исламот многу пагански групи и култури, од Ирска па до Индија, стеблата ги обожувале и ги сметале за идоли. Некои ги користеле за предвидување на судбини во религиозни ритуали, а некои, како Келтите, сметале дека стеблата се домови на древните богови и духови.

Додека првите тропачи во дрво се’ уште се предмет на расправа, авторите Стефан Бехттел и Дебора Аронсон во своите книги (The Good Luck Book i Luck: The Essential Guide) пронаоѓаат врска меѓу овие старии духови во дрвата и денешното тропање.
Една од можните верзии е дека вистинските пагани кои ја населиле Европа тропале во дрво (од кое биле направени куќите) за да ги истераат злите духови од дрвото и да се спречат да ги прислушуваат раговорите внатре во домот.

Друга верзија вели дека некои пагански групи ги обожувале овие духови во дрвата, такашто за добра среќа ги ставале рацете на дрвото. Низ вековите, овој верски обред прераснал во пократок начин на обожување, односно во брзо тропање за среќа.

До 1800 година, многу детски игри содржеле во себе и тропање по дрво, иако самата идеја е многу постара.

Во разни култури постојат и разни варијанти на овој обичај. Во Шпанија се допира дрво по некоја случка која би можела да донесе лоша среќа. Американците и Британците ја задржуваат раката неколку секунди на дрвото, а понекогаш само затропуваат.

Во Романија се верува дека лошите работи можат да се избегнат со топање во дрво, во Бугарија се удира во дрво за да се избегнат лоши вести, додека во земјте од поранешна Југославија, воглавно се тропа за да не се случи нешто лошо – „Да чукнам во дрво“.

Навистина помага?mkd-79053

Истражување спроведено на Универзитетот во Чикаго покажува дека овој ритуал навистина помага човекот да се ослободи од лошата среќа.

Се претпоставува дека ова има врска со потсвеста и тоа дека кога ќе чукнеме, потсвеста ни вели дека лошата среќа ќе не заобиколи. Тие спровеле пет одвоени експерименти во кои ги замолиле учесниците да „ја предизвикаат судбината“, , а потоа да направат некој познат ритуал, или нешто што е сосема неповрзано-на пример, да држат топка. Откриено е дека лицата кои тропале по дрво, веруваат дека повеќе не им се случуваат баксузи, проклетства или можни несреќи, додека оние кои не го направиле тоа ги мачат црни мисли, па се изјасниле дека сега очекуваат да им се случи нешто лошо.

Научниците заклучиле дека ритуалот за „уништување на баксузлук“ воглавно вклучува движења со кои нешто се испраќа далеку од нас.

Најчитани вести