Зошто во некои базени ви поцрвенуваат очите?

Во годишниот извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) откриени се главните виновници за иритацијата на очите кај капачите во базени.

Кога ќе дојде лето, ретко кој не сака да оди на базен за малку да се разлади и да се опушти. Исто така сите знаат дека најверојатно дома ќе си дојде со црвени очи. Според новата студија, причината за иритација не е хлорот, туку урината.

Во годишниот извештај на американскиот центар за контрола и превенција на болести се наведува дека главни виновници за црвените очи се „урината, фекалиите, потта и нечистотијата што капачите ја внесуваат во водата“.

Сепак, тоа не значи дека и хлорот нема своја улога. Заедно со урината, настанува дериватив од амонјак што се нарекува хлорамин. Оваа супстанца го има познатиот „базенски“ мирис и освен иритација на очите може да предизвика и респираторни проблеми.