Магазин

Зошто жените лудуваат по мажи со брада?

Зошто жените лудуваат по мажи со брада?

Резултатите од неодамна спроведената анкета откриваат зошто жените лудуваат по мажи со брада.

„Опасни момци“

Истражувањата покажаа дека 98% од листата на најбогати мажи во светот немаат брада. Од друга страна пак, дури 98% од светски познатите моторџии, каубојци, војници и останати „опасни момци“ имаат или брада или мустаќи. Со оглед на тоа што жените паѓаат на лоши момци, сè понатаму е повеќе од очигледно.

Моќ и мудрост

Некогаш брадата била симбол за мудрост, а научниците тврдат дека тој факт важи до ден денес. Истражувањата покажуваат дека жени во кризни ситуации повеќе им веруваат на мажите со брада и мустаќи, од непозната причина. Стручните лица овој феномен може да го поврзат само со мудроста и зрелоста која ја симболизираат влакната на лицето.

Жените паѓаат на брада од 3 дена

Сите истражувања водат кон еден заклучок – жените паѓаат на тридневна брада, како онаа на Џорџ Клуни и сметаат дека таа е прилично секси.

Сепак, избираат мажи со брада од 10 дена

Во анкетата во која учествувале само жени, прикажани им биле фотографии од ист маж со различна должина на брада, од свежо избричена, до густа. Од сите понудени фотографии, повеќе од половина жени ја одбрале онаа на која мажот има 10-дневна брада.