Зошто жените не сакаат да бидат горе над партнерот во сексот?

Жените се чувствуваат несигурно кога во текот на сексот се одозгора врз партнерот.Причините за тоа се повеќе, но најчесто се работи за недостаток на самодоверба. Она што потполно ги загрижува е што кога се горе, мажот има комплетен видик на нивното тело. А имајќи предвид дека размислуваат за целулит,килограми или стрии логично е дека не можат да се опуштат и да уживаат.

Но, тие не знаат една работа. Мажот кога е возбуден, не забележува ништо и не се занимава со тие рабпти. Тој само сака да се опушти и да ужива, а истото го очекува од вас.

Купете секси долна облека, некој преубав проѕирен фустан и опуштете се. Неговата реакција и возбуда нека ве опуштат. Заборавете на глупостите и опуштете се.

Има жени кои не ја сакаат таа поза, бидејќи не знаат што да прават. Се плашат од преземање иницијатива, а не знаат дека мажот ќе биде воодушевен. Но, и да не сте искусни не плашете се да пробувате нови работи.

Како трет проблем кој е најчеста пречка жените во сексот да бидат горе е изразот на лицето. Жените се чувствуваат непријатно од своите гримаси за време на екстазата.

Но тоа е голема грешка имајќи предвид дека мажите тоа го сметаат за потврда дека можат да ја задоволат својата партнерка. Ако сте и понатаму на истиот став, пронајдете некое решение. Пригушете го светлото, запалете ја ламбата или свеќи и препуштете се на уживањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.