Зошто жените споделуваат со пријателките детали за сексот?

Жените разговараат со пријателките за се, па дури и за најинтимните детали од постелата и со тоа треба да се помирите.

Ако пријателките на вашата сопруга или девојка ве гледаат чудно и се смешкаат загадочно, можеби треба да размислите каков впечаток сте оставиле претходната ноќ.

Додека пиеле кафе, онака опуштено таа најверојатно ги известила до детал за она што ја воодушевило или пак и’ пречело додека водевте љубов? Но зошто жените говорат за интимните детали? Некогаш сакаат да се пофалат, некогаш да се пожалат, акога сексот ќе се наметне како тема, тие без никакво ограничување се доверуваат меѓусебно.

Истражувањето на веб порталот „Match“ покажува дека дури 57 отсто од жените им се доверуваат на пријателките за деталите од нивниот интимен живот. Ова не би требало да ве лути, затоа што во женскиот круг дамите се чусвтвуваат поопуштено, сексот престанува да биде табу тема и доаѓа до размена на искуства, што може и да ви користи. Таа ќе дознае некои нови работи и ќе се обиде да ги проба со вас.

Покрај тоа, ако навистина сте добри во кревет, ќе ве посакаат и нејзините пријателки. Истражувањата покажале дека жените повеќе говорат за сексот на почетокот на врската, а подоцна тоа го сметаат за непристојно.