Зоврива револтот по грозоморното убиство и анархијата што владее во МВР

Зоврива револтот по грозоморното убиство на Алил Бекир, кој беше убиен и запален од полицаецот Енвер Тоска, пред една недела во прилепското село Беловодица. Битолската јавност е згрозена од злосторството на нивниот сограѓанин, кој за 4.000 евра го убил својот пријател и бездушно го запалил.

Додека медиумите бараат одговорност од раководството на МВР кое го вработило Тоска како полицаец, битолчани на социјалните мрежи за во недела најавуваат протест поради насилството кое Тоска, но и негови пријатели, од кои дел исто така полицајци подолго време го манифестираат во градот на конзулите.

Според нив, на Тоска и уште неколку битолски полицајци значката и пиштолот им служеле како заштита за трговијата со дрога, но и за лихварството со кое се занимавале, а самите консумирале дрога, особено амфетамини. Зависноста од дрога била причината Тоска да го убие својот пријател Бекир(36), за кого биолчани велат дека му бил како втор татко на Тоска(24) бидејќи од мал се грижел за него. Уште повеќе што полицаецот му должел пари на Бекир, а постојано му земал пари без да му ги врати.

Социјалните мрежи се преполни со коментари за убиството, а дел од учесниците во разговорите тврдат дека веќе добиваат закани по живот оти пишуваат за Тоска.

Полицаецот-убиец, иако не ги исполнувал условите да биде полицаец, добил значка и пиштол по интервенција на ДУИ, и тоа во време кога министер за внатрешни работи бил Оливер Спасовски, а не Митко Чавков, во чиј мандат бил вработен во МВР, но не како полицаец.

Неофицијално, убиството на Бекир, пак, ја прелеало чашата на незадоволство на македонците-муслимани од битолските и прилепските села кои во изминатиов период трпеле терор од Тоска и други Албанци блиски на ДУИ, а вработени во полицијата. Смртта на Бекир е последниот случај во низа во кој биле претепувани Торбеши, па дури дека имало и убиства, но нема докази.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.