ЗРДМ: Ременски ги злоупотреби корисниците во установата во политички цели

Денес техничката министерка за труд и социјална политика направи класична злоупотреба на корисниците во установата и на самата установа во политички цели непосредно пред одржување на предвремените парламентарни избори. Ременски после 10 месеци мандат за првпат се одважи да го посети Заводот и тоа 6 дена пред одржување на парламентарни избори за наводно да провери во каква состојба е установата. При што го прекрши  член 9 од Законот за заштита на децата според кој се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, реагираат од Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје.

Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата во целост:

Техничката министерка за овие 10 месеци можеше да не удостои и да ја посети нашата установа, односно да не праша во кој дел установата има потреба од поддршка од министерството доколку навистина и значеше интересот на корисниците. Во интерес на правилно информирање на јавноста, а со цел разобличување на манипулациите искажани истакнуваме дека:

Од формирањето на установата па до денес за време на викендите работата во установата се одвива по пат на дежурства. Затворената врата која е спомената во изјавата е вратата во управната зграда во која се работи во текот на една работна недела од понеделник до петок. А за време на викендите корисниците се опфатени во просториите на интернатот кој е посебна зграда. Јавната Установа Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје во текот на изминатата 2015 и тековната 2016 година имаше планирано средства во планот за јавни набавки кои се однесуваат на подобрување на условите во установата и истите се одобрени и обезбедени од министерството. Одобрените средства се инвестирани во реновирање на еден дел од интернатот а за следната година планирани се средства за уште еден дел со цел подигнување на квалитетот на престој во овој дел од установата.

Најодговорно го демантираме делот во изјавата на техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски при посета на Јавната Установа Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје во кој вели дека дел од корисниците имаат потреба од лекарска помош а дека дел и воопшто не треба да бидат сместени во оваа установа. Имено, секој корисник во установата има соодветен наод и мислење издадено од соодветна стручна комисија како и решение за дневно или интернатско сместување во установата издадено од центар за социјална работа. Дел од корисниците во континуитет примаат медикаментозна терапија која е редовно контролирана од доктори – специјалисти, меѓутоа потребата од медикаментозна терапија воедно не значи дека овие корисници треба да бидат сместени во болнички установи со постојан лекарски надзор.

При ненајавената посета на техничката министерка и ненајавеното снимање на нашите корисници е направен исто така прекршок во однос на Заштита на личните податоци и приватноста на корисниците кои може да се видат на снимката додека тече изјавата.

До сега не постои ваков пример на омаловажување на нашата установа и злоупотреба на институција во политичко и партиски цели од страна министер за труд и социјална политика. Немате право да од нашите корисници правите сензација пред камерите кои ги носите себе и пред кои треба да оставите впечаток дека се грижите. Тоа имавте можност да го покажете изминатиот период. Наместо тоа целата јавност беше сведок на закочени проекти кои се за доброто на оваа категорија.

Во прилог се фотографии од еден дел од реновираните простории во интернатот на установата:

1

2

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.