Зрењанец ја избодел сопругата, па си го пресекол гркланот

Сопружниците П.С и Т.С седнале да ручаат и во еден момент дошло до караница, по што П.С го дофатил ножoт и ја прободел својата сопруга во грб.

П.С од Зрењанин ја пободелл со нож синоќа својата сопруга Т.С (39), а потоа си го пресекол вратот. Тој својата несреќна жена ја пробол во грбот, а потоа се обидел да се самоубие. И двајцата со тешки повреди се префрлени во болница и лекарите се борат за нивниот живот.

Драмата се одвивала во семејната куќа во 14 часот. П.С веќе подолго време бил во лоши односи со својата сопруга. Она што досега се знае е дека тие двајцата седнале заедно да ручаат при што во еден момеnт дошло до расправија.

П.С го дофатил кујнискиот нож и ја избол својата сопруга во грбот. Несреќната жена паднала на подот и не давала никакви знаци на живот. Потоа мажот со истиот нож си го пресекол вратот. За среќа тие не биле сами дома и домашните веднаш повикале брза помош. И двајцата се оперирани и се наоѓаат во тешка состојба.

Жената е надвор од животна состојба, додека мажот и понатаму е во критична состојба.