вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 15

Жрепка во Лига Европа: Ајакс на Лион, Селта против Манчестер Јунајтед (историјат)

Манчестер и Селта досега никогаш не играле меѓусебно, а жрепката веќе двапати ги судираше Ајакс и Лион во Лигата на шампионите

liga evropa

Поврзани вести

Во полуфиналето на Лигата на Европа ќе играат двојките Олимпик Лион – Ајакс и Селта Виго – Манчестер Јунајтед, одлучи жрепката одржана во петокот во Нион, во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Полуфиналните двојки ги извлече ткн абасаодр на финалето на Лигата на Европа, славниот шведски репрезентативец Патрик Андерсон.

Првите полуфинални натпревари ќе се играат во Амстердам и во Виго на 4 мај, а реваншите во Лион и во Манчестер на 11 мај.

Финалето на Лигата на Европа ќе се одигра на 24 мај на „Френдс арената“ во Солна, предградие на шведската престолна Стокхолм. Актуелен шампион во ова натрпеварување е шпанска Севилја.

Манчестер и Селта досега никогаш не играле меѓусебно. Покрај тоа, и двата клуба првпат во својата историја се пласираа во полуфиналето во второто по важност европско клупско натпреварување.

Жрепката веќе двапати ги судираше Ајакс и Лион во Лигата на шампионите, при што одиграа четири средби. Во 2002 одина во фазата по групи Ајакс двапати славеше, дома со 2:1 и на гости со 2:0 кога во Амстердам славеа со двата гола на шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ, кој сега настапува за Манчестер Јунајтед. Ајакс таа сезона се пласираше во елиминациската фаза и стаса од четвртфиналето каде што загуби од идниот шампион Милан. Од тогаш Ајакс никогаш досега не стаса до четврфиналето во Лигата на шампионите.

Во 2011 двете екипи повторно ги одмеруваа силите во фазата по групи, и двата натпревара завршија без победник. Лион се проби до осминафиналето каде неочекувано загуби од кипарски АПОЕЛ. Ајакс таа година беше трет во групата и продолжи во Лигата на Европа каде што беше елиминиран во двомечот со Манчестер Јунајтед.

Најчитани вести