ЖРК Вардар го потврди првото место во групата од ЛШ

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар ја забележаа петата последователна победа во ракометната Лига на шампионите, откако вторпат сезонава го совлада Ференцварош со 29:28 (14:10), овојпат на неговиот терен во Будимпешта.

Со новите два бода, ЖРК Вардар го потврди првото место на табелата во Групата Ц и со максимален број бодови како најуспешен клуб севкупно сезонава во ЛШ ќе го продолжи натпреварувањето во главната фаза од најсилното континентално натпреварување.  Во следната фаза ќе пренесе најмалку шест бодови, од кои четири се токму од дуелите со ФТЦ.

Македонските шампионки мечот го започнаа одлично, иако во Унгарија отпатуваа без Андреа Лекиќ која има повредно, но по одморот влегоа во лоша серија и покрај водството од седум гола на противникот му дозволија да изедначи и мечот да влезе во неизвесна завршница.

Вардарки мечот го отворија со серија од 2:0, но гостинските брзо одговорија и за кратко време поведоа со 3:2. По неколку минути изедначена игра, ракометарките на македонскиот шампион со двата гола на Радичевиќ и едниот погодок на Пенезиќ, поведоа со 6:9 во 16 минута. Предводени од Лејно и нејзините осум одбрани во првото полувреме, избраничките на Ирина Дибирова на одморот заминаа со комотни 14:10.

Почетокот на второто полувреме требаше да претставува најава за сигурна победа на ЖРК Вардар. По водството од 12:15, „црвено-црните“ направија серија од 1:4 и поведоа со највисоки 13:20. Но, тука застанаа, следеше серија на унгарскиот тим направи од 8:1 и во 47 минута изнедначи на 21:21 за целосно враќање во игра. Во овој период „вардарки“ влегоа во серија на грешки, имаа неправилна измена, а потоа Лакрабер беше непрецизна од седмерец, но својата грешка ја исправи набрзо му донесе водство на својот тим од 21:23 на 11 минути до крајот.

ФТЦ сепак успеа да изедначи на 23:23 и мечот влезе во неизвесна завршница. Пенезиќ, Суслина со тешка одбрана, а потоа Лакрабер го качија Вардар на 24:26 во 55 минута. „Вардарките“ на две минути пред крајот имаа водство од 25:28, кое беше доволно за победа.

Пенезиќ со осум погодоци беше најефикасна, Лакрабер и Цвијиќ имаа под пет гола, додека Радичевиќ запиша четири погодоци.

Во последното коло, Вардар го пречекува Турингер.