среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 22

ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

Последни вести

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска и официјално ја потврдија одбраната на шампионската титула. „Вардарки“ попладнево убедливо со 45:24 ја победија екипата на Металург во рамки на заостанат дуел од 4.коло.

За тимот на ЖРК Вардар ова е четврта титула, сите освоени од 2013 година. Со оваа победа во салата „Автокоманда“ актуелниот шампион на Македонија и официјално ја одбрани титулата.

Барбара Лазовиќ беше најефикасна со 7 гола, Андреа Пенезиќ постигна 6. Кај Металург најпрецизна беше Марија Николиќ со 7 гола.

До крајот на првенството овие две екипи ќе одиграат уште еден натпревар, а домаќин ќе биде шампионот ЖРК Вардар и дуелот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ в четврток кога ќе биде и предаден шампионскиот пехар.

Табела: Вардар 21, Металург 15, Вардар јуниор 12, Куманово 3 (-1), Пелистер 0.

Најчитани вести