петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 65

ЖРК Вардар и Лајпциг за старт на второто коло од Лига на шампионите

Со натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Лајпциг што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе стартуваат дуелите од второто коло од женската ракометна Лига на шампионите. По неубедливиот почеток и нерешениот резултат (27:27) дома со унгарски ФТЦ ова ќе биде нова шанса „вардарки“ да ја постигнат првата победа.

жрк

Поврзани вести

По отказот кој во неделата го доби досегашниот тренер Индира Кастратовиќ на прес конференцијата пред дуелот беше потенцирано дека до наименувањето на нов тренер со тимот ќе координира тренерски тим: Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски, додека во подготовката на натпреварите ќе биде вклучен и Давид Дејвис, кој сепак ќе остане помошник на машката екипа на Вардар. 

На натпреварот со ФТЦ во 1.коло најефикасна кај Вардар беше Андреа Пенезиќ, кој во пресрет на дуелот истакна: 

 Во петокот не беше вистинската игра на Вардар. Во спортот се случуваат вакви работи. Аце и Девис (тренерите) направија анализа за следниот ривал и може да порачам дека одиме на победа. 

Натпреварот ЖРК Вардар – Лајпциг почнува во 20:30 часот, додека вториот дуел од групата Б меѓу ФТВ и Астраханочка се игра во недела. Дуелите од другите три групи се играат во сабота и во недела.

Најчитани вести