14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ЖРК Вардар подобар од Будуќност во регионалната ВРХЛ лига

Ракометарките на Вардар ја продолжија одличната серија и ја совладаа Будуќност на гости со 27:26  во претпоследниот натпревар во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига.

Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и утрешниот против Крим на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица се формалност.

Македонските ракометарки имаа предност во текот на целиот натпревар, но во финишот црногорскиот тим успеа опасно да се приближи и да дојде во позиција за израмнување.

Најзаслужна за победата на Вардар е Ина Суслина, која успеа да го одбрани завршниот удар на Будуќност.

Вардарки досега имаат осум победи и само едно реми.