понеделник, 2 јануари 2017  |  Вести денес: 7

ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампионките

Желбата на вардарки се исполни уште при ждрепката, па црвено-црните го добија посакуваниот противник, можеби и најлесен од трите можни на патот кон финалето.

ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампионките

ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампионките

Последни вести

Женскиот македонскиот првак ЖРК Вардар преку полуфиналниот дуел со ЦСМ Букурешт ќе се обиде да стигне до финалето во ракометната Лигата на шампиони, чија завршница и годинава е во Будимпешта.
Желбата на вардарки се исполни уште при ждрепката, па црвено-црните го добија посакуваниот противник, можеби и најлесен од трите можни на патот кон финалето, пишува МИА.
Вардарки сезонава веќе одиграа два натпревари против романската екипа и тоа во втората фаза по групи. На мечот во Скопје на почетокот на јануари месец, македонскиот шампион забележа минимална победа со 22:21, а додека на гостувањето во Романија во февруари, вардарки беа убеливи и славеа триумф со пет голови разлика 30:25.
Средбата ЖРК Вардар – Букурешт ќе започне во терминот од 17 часот и 45 минути.
Инаку, во првиот меч од полуфиналето, кој  ќе играат од 15:15 часот, ќе се сретнат Будуќност и Ѓер екипите кои триумфираа на последните два завршни Фајнал-фор турнири

Најчитани вести