ЖРК Вардар со победа го почна турнирот „Вардар 2015“

ЖРК Вардар со победа го почна турнирот „Вардар 2015“
ЖРК Вардар со победа го почна турнирот „Вардар 2015“

Женскиот македонскиот ракометен шампион Вардар со убедлива победа од 37:25 против Лајпциг ги почна настапите на турнирот „Вардар 2015“ што се игра во СЦ „Јане Сандански“ по повод првиот роденден на спортскиот комплекс.

Најефикасни на синоќешниот дуел со германскиот претставник во редовите на „црвено-црните“ беа Андреа Пенезиќ и Олга Черноиваненко со по шест голови.

На вториот дуел од вчерашната програма Ростов го победи европскиот шампион Будуќност со 26:22.

Денеска на програмата се средбите од 2.коло:
18 часот: Будуќност – Савехоф,
20 часот: Вардар – Подравка. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.