ЖРК Вардар стартуваше со пораз во Лигата на шампионите

ЖРК Вардар стартуваше со пораз во Лигата на шампионите
ЖРК Вардар стартуваше со пораз во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар синоќа претрпе пораз на домашен терен од унгарската екипа Ѓер во 1.коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Двократниот европски шампион Ѓер победи со 27:22 (13:10).

Гостинската екипа во текот на целиот натпревар го имаше водството, кое во првиот дел во неколку наврати беше четири голови разлика, а во вториот дел највисоката предност изнесуваше  осум голови. Цврстата одбрана на унгарската екипа беше најголемата пречка „вардарки“ да стигнат до посакуваната победа. Бековите на ЖРК Вардар беа комплетно исклучени, а со тоа немаше конекција со крилата и со пикерот.

Најефикасна на дуелот беше Анико Ковачич од Ѓер со 6 голови без промашување, додека кај ЖРК Вардар Маја Сокач постигна пет голови сите од седум метри. Голманката на ЖРК Вардар Амадин Лејно дуелот го заврши со 13 одбрани.

Двојки и резултати од првото коло:

А група: Крим – Баја Маре 27:33 и Ларвик – Ростов Дон 21:27.

Б група: Турингер – Флери (недела) и ФТЦ – Подравка (недела).

Ц група: Вардар – Ѓер 22:27 и Митјиланд – Хипо (недела).

Д група: Букурешт – Лублин 33:21 и Будуќност – Савехоф (недела).