Општина Зрновци успешно и’ пркоси на белата чума

Многудетноста која некогаш беше вообичаена за македонските семејства, сега е минато. Македонија се сочува со голем демографски предизвик. Сепак, демографската слика во земјава во последните неколку години полека се менува и дел од мерките кои се превземаат вродуваат со плод, но потребни се уште многу напори во борбата со белата чума.

многудетноста која некогаш беше вообичаена за македонските семејства, сега е минато
многудетноста која некогаш беше вообичаена за македонските семејства, сега е минато
Општина Зрновци, рурална општина во Источна Македонија е еден од позитивните примери кој успешно и пркоси на оваа уништувачка појава. Имено, според официјалните статистики, во оваа општина во 2008 година е родено само едно трето дете, додека во 2014 година се родени четири трети деца, што јасно покажува дека има голем прогрес во демографскиот проблем, пишува порталот „Курир“.

Oсобено влева надеж податокот дека во 2008 година, односно пред седум години во оваа општина немало родено ниту едно четврто дете во едно семејство, додека во 2014 година родени се три четврти деца во Зрновци. На ниво на целата земја, во 2006-та година стапката на ферилитет била 1,4 деца по жена, лани бележи зголемување за 15 отсо или 1,6 деца по жена.

Според Државниот завод за статистика, во 2009 година во Општина Зрновци биле родени 21 дете, додека во 2014 година бројот на родени деца е зголемен на 30. Овие бројки јасно покажуваат дека во оваа македонска општина има добар прогрес во борбата за поголем наталитет и против белата чума, што на дело покажува дека стимулациите за многудетно семејство се позитивни и даваат резултати.

Сепак, овие податоци не се пресврт во демографскиот пораст, бидејќи Македонија е далеку од минимумот од 2,1 дете по жена за проста репродукција која го одржува населението. Справувањето со белата чума и натаму останува еден од приоритетите на оваа влада, нагласи премиерот Никола Груевски во своето илинденско обраќње. Демографската политика и поддршката за многудетни семејства беше изгласано во 2008-та.

Демографијата останува во врвот на нашите предизвици како држава. Иако, со солидни ефекти од превземените мерки во последните 7-8 години, кои што изненадија многумина скептици кои не веруваа дека било какви мерки на владата воопшто ќе вродат со некаков резултат, се уште, ниската фертална база која не очекува во наредната деценија, е голем предизвик, рече Груевски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2014 година вкупно се родени 23 767 деца,  од кои живородени се 23 596 деца и 171 се мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2014, во споредба  со претходната година, е зголемен за 458 деца или за 2.0%.

Потребни се уште напори

Според познавачите на демографската состојба, чекорите кои Македонската Влада ги превзема против белата чума се одлични, но треба уште напори.

Експертската јавност предупредува дека загрижува воспоставувањето пракса на се подоцнежно стапување во брак на младите, што се одразува и на бројот на деца во семејствата. Со овие поразителни резултати се води тешка битка. Во 1950-тата година со 1,2 милиони жители Македонија имала 50.000 родени бебиња за една година. Споредбено со овие цифри, фактот дека денес во Македонија со 2 милиони жители се раѓаат по 23.000 бебиња, се соочуваме со реалноста која е сурова.

Од 27 илјади живородени деца пред 5-6 години, статистиката покажува дека веќе сега бројката е спуштена на 23-24 илјади… и тука некаде стагнира. Статистиката покажува дека на удар најмногу се Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион. Ако во ‘94 -та се родиле 31.421 бебе, во 2013 година на свет дошле само 23.568.

Падот на наталитетот во некои општини изнесува 60, 70 или 90 проценти- факт кој сериозно загрижува. На пример, Македонски Брод во 1962 година имаше 516 родени бебиња, а во 2013 година само 41 родено бебе. Тоа е фрапантен пад од 92 %. Општина Берово во 1962 година имала 429 родени деца, а само 7.000 жители, а во 2013 година има одвај 105 родени, а 13.000 жители. Математиката покажува дека тоа е за 4 пати помалку.

И општина Струмица се соочува со огромен пад од 63%. Во 1962 година имала 1.872 родени деца, а во 2013 година само 685 бебиња. Прилеп минатата година добил едвај 737 новородени бебиња, а во 1962 година имал дури 2.286. Се соочува со намалување за 68%.

Економската моќ не е пресудна за природниот прираст
Економската моќ не е пресудна за природниот прираст

Економската моќ не е пресудна за природниот прираст

Податоците на Државниот завод за статистика за третиот квартал од 2014 година, покажуваат дека бројот на родените во земјава пораснал за 1%, во споредба со истиот период од минатата година. Општините Чаир, Гостивар, Тетово со највисок наталитет. Потфрлија Карпош, Кисела Вода, Берово и Крива Паланка. Имаат најнизок наталитет и најголем минуси во природниот прираст во третиот квартал годинава.

Интересно е тоа што општините со најмал наталитет во Скопје како Карпош и Кисела Вода, имаат релативно висок економски стандард, што е контрадикторно со општо- прифатениот факт дека за поголем природен прираст е пресудна економската моќ.

Според експертите, негативно влијание врз природниот прираст има фактот што во земјава младите покасно се одлучуваат да стапат во брак, а сѐ повеќе се зголемува и бројот на разводи. Така, во 2013-та биле склучени 13.982 бракови, односно за 0,1% помалку во однос на претходната година. Бројот на разводи, пак, изнесува 2.045, и бележи зголемување од цели 6,2%. Во третиот квартал од 2014 годна бројот на склучени бракови во земјава е поголем за минимални 0,6%, во споредба со истиот период лани, додека бројот на разводите во истиот период изнесува 506.

Најмалку разводи има во општините со најголем наталитет во скопскиот регион- Арачиново, Студеничани и Сарај. Истовремено, во општините Карпош и Кисела Вода, бројот на разводи е значително поголем, пишува порталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.