Жртва на проституција: Дневно имав и по 60 клиенти, ги молев да ме убијат!

Две години откако побегнала од канџите на организираната проституција таа за прв пат проговара за хоророт што го преживеала.

Оваа млада мајка во својата потресна исповед открива како еден маж, за кого мислела дека е „оној вистинскиот“ ја натерал на проституција. Десет години била присилена да работи за него, а во тие 10 години била силувана 40.000 пати. Притоа за нејзиниот сводник за кого верувала дека и е момче за кого ќе се омажи заработила 1, 2 милиони долари.

Таа својата приказна ја раскажува за „Дејли меил“, а со неа, како што вели, сака да ги предупреди останатите жени колку е лесно да се падне во замките на проституцијата, и дека дневно понекогаш ја силувале и до 60 пати.

Александра Родригез открива дека еден од „клиентите“ ја силувал додека и држел пиштол во устата, а таа го молела да пука и да ја заврши нејзината агонија.

Нејзината ноќна мора почнала кога имала 19 години. Тогаш се вљубила во мажот што го нарекува Франциско. Тој по само осум дена и рекол дека е вљубен во неа и дека сака да се ожени со неа.

Ја наговорил да оди со него во еден мексикански град и таму да живее со него и со неговите родители. Таа прифатила, но тоа било измама. Штом стасале во неговата куќа – Франциско се променил, ја држел заклучена по цел ден и не и дозволувал да си оди.

Во склоп на различни околности наеднаш станала негова сексуална робинка. Тој ја водел од град во град во Мексико и Америка и ја продавал на мажите за пари.

Александра е…