Жртва во пожар во Дебарца

Во неделата вечерта, како што беше објавено претходно во селото Песпшан, во Општина Дебарца, изгоре семејна куќа во којашто животот го загубило едно лице коешто засега не е идентификувано.

Пожарот, од засега непознати причини, избувнал околу 18 часот во селото Песочан, а во куќа во сопственост на Љ.Т.

При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.