Жртви и ранети во престрелка во Ерусалим

[Abir Sultan/Reuters]

Тројца напаѓачи отвориле оган во Ерусалим недалеку од светите места во Стариот град, при што се ранети тројца Израелци, од кои двајца се во критична состојба, пред напаѓачите да бидат убиени, соопшти израелската полиција.

Радиот на израелската војска објави дека престрелката се случила во близина на светот место коешто муслиманите го нарекуваат Плато на џамијата, а јудеите Ридот на грамот. Таму се наоѓа џамијата ал-Акса, третото најсвето место во исламот, како иКуполата на карпата од VII век.

Полицијата објави дека безбедносните сили ги убиле тројцата вооружени напаѓачи. Израелската служба за итна помош, пак, објави дека им пружила прва помош на двајца Израелци. Палестинските медиуми, пак, пишуваат дека двајца припадници на израелските се убиени.

Полицијата по пукотниците објави дека местото на инцидентот е затворено, како и дека денеска нема да бидат одржани традиционалните муслимански петочни молитви.

Според договорот потпишан меѓу израелската и јорданската влада, која управува со џамијата ал-Акса, по заземањето на источен Ерусалим од страна на Израел во војната од 1967 година, во споменатиот комплекс дозволени се посети на Израелци но забрането е вршење верски обреди.

Овој простор е сцена на големи тензии откако израелските власти во август 2015 година наметнаа ограничување за влез на палестинските верници во комплексот на џамијата ал-Акса, по инцидент кога милитантни се сокрија во него. Палестинците, пак, стравуваат дека ултраортодоксните Израелци ќе го обноват древниот еврејски храм.

Над 300 Палестинци се убиени од израелските сили од октомври 2015 година кога започна бранот улични палестински напади со возила, како и со студено и огнено оружје.
Дел од Западниот брег (на реката Јордан).
Во петокот палестинската новинска агенција al-Yawm јави дека палестинска 17-годишна тинејџерка Бара Хамадам била убиена во судир со израелските сили јужно од градот Витлеем во јужниот дел на палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан). Палестински извори, исто така, соопштија дека во судирот се ранети уште двајца Палестинци.