понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Жртвите од земјотресот во Еквадор достигнаа бројка од 655

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Еквадор се зголеми на 655 лица, пренесе агенција ТАСС, повикувајќи се на весникот „Универсо“.

ED25ADA5E82DD64AB455BACB25E255C5

Последни вести

Според информации на весникот, објавена синоќа, над 17.000 лица побарале медицинска помош по земјотресот. Спасувачите успеаја да извадат од урнатините 113 преживеани, а 48 лица се водат за исчезнати.

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа објави осемдневна жалост во спомен на жртвите на катастрофата.

Најсилниот земјотрес во Еквадор од 1979 година беше регистриран на 16 април во реонот на градот Педерналес, во северозападната провинција Манаби. Земјотресот беше со јачина од 7,8. Материјалната штета се проценува на неколку милијарди долари.

Најчитани вести