Зубизарета: Дуелот со Сити не е прошетка за Барселона

Утре стартува 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а во фокусот на фудбалското внимание ќе биде пресметката помеѓу најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити и каталонскиот гигант Барселона.

Спортскиот директор на актуелниот шампион на Шпанија, Андони Зубизарета е убеден дека фудбалските фанови ќе бидат сведоци на еден тежок и неизвесен натпревар во кој ниту еден тим ја нема улогата на апсолутен фаворит.

„Сите натпревари се комплицирани, нема лесен натпревар во елиминациската рунда од Лигата на шампиони. По подолг временски период мора да мислиме и на ова натпреварување, мора да мислиме на незгодниот противник. Не очекува тешка работа, тешка задача во Манчестер. Знаеме дека ова нема да биде некаква прошетка за фудбалерите на Барселона. Така беше и во изминатата сезона, згрешија тие кои мислеа дека многу лесно ќе ги елиминираме Милан и ПСЖ. Ќе мора да дадеме се од себе, само така може да се победи квалитетниот тим на Манчестер Сити”, изјави Зубизарета.