Зубизарета не го подготвува отказот за Мартино

Спортскиот директор на каталонскиот гигант Барселона, Андони Зубизарета, ја демантираше пласираната информација од познатиот шпански весник “АС”, кој важи за близок до Реал (М), дека веднаш откако ќе биде одиграно и последното коло во шпанската Примера дивизион, клубот експресно ќе му врачи отказ на актуелниот тренер, Херардо Тата Мартино.

„Мартино е тренер на Барселона и ќе биде тренер на Барселона се додека клупските челници не донесат некоја друга одлука. Не знам од каде таа информација дека веќе работам на отказот кој ќе му биде врачен на Мартино. Станува збор за чиста новинарска шпекулација. Барселона секогаш работи транспарентно, ништо не криеме. Ако има нешто ново, ако има некоја нова одлука, јавноста ќе биде информирана со официјално соопштение”, изјави Зубизарета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.