Зубизарета: Нема никаков проблем со Меси

Спортскиот директот на каталонскиот гигант Барселона, Андони Зубизарета експресно ги демантираше сензационалните натписи и текстови кои беа објавени во шпанските медиуми дека најголемата ѕвезда на „Ноу Камп”, Лионел Меси има психолошки проблем и затоа игра под очекуваното ниво.

„Меси? Нема никаков проблем. Не постои такво нешто, не постои некаков психолошки проблем. Јас немам никаква дилема, не се сомевам во пола секунда. Не размази во изминатите неколку сезони, сите сме навикнати на неговите спектакуларни потези, секогаш очекуваме нешто спектакуларно од Меси. Навикнати сме Меси да постигнува погодок во најважниот момент од натпреварот, да постигне погодок од некоја невозможна позиција. Знам дека му е убаво на „Ноу Камп”, знам дека нема никаков психолошки проблем. Сигурно дека ќе остане во редовите на Барселона. Јас сум убеден дека Меси ќе одигра фантастично на финалниот натпревар од Купот на Шпанија и дека ќе имаме неколку причини за радост”, изјави Зубизарета