сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 6

„Зуд Дојче Цајтунг“: Во Германија дејствуваат четири групи на Кју Клукс Клан

Германските власти проценуваат дека во земјата има најмалку четири активни групи на расистичката организација Кју Клукс Клан (ККК), тврди веснникот „Зуд Дојче Цајтунг“.

ккк

Поврзани вести

Во одговор на гермaнската Влада на пратеничко прашање поставено од пратеници на партијата Левица, се наведува дека оваа тајна радикална група кој промовира супремација на белата раса, има мал број на членови, дејствува во мали групи и засега е маргинална екстремно десничарска организација, која сепак е активна.

ККК во Германија постои од 1920 година, а од 2001 година властите регистрирале 68 кривични дела извршени од нејзини членови.

– Малубројното членство не ја исклучува опасноста која е карактеристична за оваа организација вели пратеничката од редовите на Левицата, Моника Ренер.

Според информациите на Владата, во неколку случаи раководството на ККК учествувало во ритуалнно палење на крстови во шуми и рурални подрачја, поставувало знамиња со свастики и јавно пеело песни, кои се забранети со германските закони.

Движењето ККК, кое е основано во САД по завршувањето на Граѓанската војна од страна на противниците на укинувањето на ропството за црнците, во периодот од 1920 до 1960 година спровело стотици брутални напади, линчувања и бесења на Афроамериканци и имигранти и припадници на други малцинства во јужните американски сојузни држави.

Најчитани вести