Журнал: Крпите на СОРОС во „Зона на самракот“-Панични и нелогични оправдувања за одбрана на Јанева за гревовите

Соросовите експоненти се впуштија во панични и нелогични оправдувања за одбрана на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство за предметот „Крпач“. Многумина од елитата на СДСМ влегоа  во „Зоната на самракот“, пишува порталот Журнал.нет.

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорги Спасов во колума за соросовиот портал „Плусинфо“ на Бранко Героски пишува дека  претседателот Ѓорге Иванов бил виновен што го аболицирал Крпач, бидејќи со тоа го открил неговиот идентитет.

Сепак, Спасов не кажува дека го открил идентитетот како на осомничено лице, со што ја посочува Катица Јанева како единствено одговорна за сите притисоци кои пред и после одлуката на Иванов следеле и ја предизвикале траумата кај Крпач, пишува Журнал.

Ако се земе како вистина тоа дека Крпач навистина не бил обвинет и немал закани и ветувања да потпишува лажни изјави за да стане сведок, тогаш не е јасно зошто на аналитичарот Спасов или на Јанева би им сметало да биде помилуван сведок кој се јавил “доброволно” и со кого имале “беспрекорна ” соработка. СЈО и онака не мислеле да го тераат и уценуваат да потпишува невистинити изјави. Или не е така?

За разлика од Спасов, втората соросова крпа која заталкала во „Зоната на самракот“ се претставува како адвокатка Сузана Јошевска- Анастасовска. Според неа, нарачаните упади од Алфите и тормозењето на семејството на “сведокот” била добра тактика за да се покаже дека сведокот наводно не соработувал и на тој начин да биде заштитен.

Е вршен претрес, не го негира СЈО тоа дека е извршен претрес и кажува дека бил сведок. Тие двете доколку ја следиме логиката на овие две може да се заклучи дека можеби се работело за сведок,  како што најавив и претходно, кој не можел на никој начин да биде заштитен заради донесување на измени во Законот за заштита на сведоци и можно е претрес да се изврши врз дом на такво лице со цел да се прикрие неговиот идентитет, односно неговата соработка со СЈО. Мене тие две работи ми делуваат многу логички бидејќи ако сведокот сака да соработува со СЈО, а нема начин како да му предаде документи или било што што ќе го одведе понатаму во истрагата, може да се најде начин ова да се направи преку налог за претрес, за кој веќе ќе се знае дека се наоѓаат тие документи, вели Јошевска- Анастасовска во емисијата „360 степени“ на Алсат.

После oва, се поставува прашањето зошто тогаш едноставно не го воделе како осомничен, па подоцна во некоја фаза од постапката не се повлекле од обвинението против него? Зошто тогаш е проблем ако и претседателот Иванов го третира како осомничен за да го заштити? Вистината треба да излезе на виделина, а семејството на Крпач треба да добие некаква утеха.  Тој што вршел притисоци и работел незаконски најстрого мора да биде казнет, пишува Журнал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.