петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Журнал.нет“: Неколку инциденти низ државата по скандалозната одлука на Спасовски

inc

Поврзани вести

Телеграмата за повлекување на овластувањата на вработените во МВР, испратена вчера попладне од новиот министер Оливер Спасовски ги донесе првите инциденти, пишува порталот Журнал.нет.

Граѓани од неколку градови во Македонија ни пишуваат дека забележани биле неколку инциденти кои благодарение на недоразбирањето кое го предизвика новиот министер им дава моќ и сигурност на локалните криминалци, пишува порталот.

МВР се уште го нема објавено денешниот билтен на настани, а овие информации се објавени врз основа на испратеното од загрижените граѓани поради новонастанатата ситуација и како што дел од нив велат самоволието на Спасовски.

Неофицијалните информации говорат и дека дел од припадниците на МВР дури и се шегувале дека не знаат дали утрово имаат овластувања да му ја отворат капијата од Министерството на новиот министер, како и дали смеат да ги управуваат службените возила, пишува Журнал.

Имало и кус прекин на бесплатната линија за закажување термини за вадење на лични документи, но и дилеми кој смее да ги прима барањата од граѓаните.

Според правниците доколку Спасовски не ги врати овластувањата, вработените во МВР не би требало да ги примаат граѓаните, бидејќи во тој случај би направиле сериозен прекршок.

Со одлуката на Спасовски за одземање на овластувањата, безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Со ова, Спасовски наместо контрола, направи блокада на цело министерство за внатрешни работи.

Ова практично значи дека полицијата е парализирана и дека во опасност е ставен целиот безбедносен систем на државата. Високи фунционери во МВР, искусни во своето работење велат дека вакво нешто не се случило во изминатите 20 години и никој не памети за донесување на ваква незаконска одлука на министер за внатрешни работи.

Најчитани вести