петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 60

„Журнал.нет“: Син на фалсификатор на избори – кандидат за претседател на ДИК

Tатко на новиот претседател на ДИК, Александар Чичаковски е Јован Чичаковски-Мацола, судија во пензија и бивш претседател на основен Суд Берово избран од СДСМ, пишува Журнал.нет.

dik_1

Поврзани вести

Tатко на новиот претседател на ДИК, Александар Чичаковски е Јован Чичаковски-Мацола, судија во пензија и бивш претседател на основен Суд Берово избран од СДСМ, пишува Журнал.нет.

Како што наведува порталот, на локалните избори во 1996-тата година Мацола бил претседател на Општинска избирачка комисија Пехчево, каде прави фалсификат на изборите во село Црник во корист на СДСМ, за што во текот на 1996/97 во „Фокус“ има цел серијал на прилози насловен како Фалсификат на избори во Пехчево.

Имено, Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со 300 гласа разлика, и се чекаат резултати само од село Црник, каде има информации дека и таму ВМРО води. Мацола ја напушта Општинската комисија и после некое време се враќа со гласачките кутии и резултатите од Црник, каде СДСМ добил 400 гласа, а ВМРО само 4, пишува порталот.

Комплетно целата фамилија Чичаковски се високи и истакнати членови на СДСМ во Берово.

Чичко му на Александар е бивш директор на комуналното претпријатие во Берово и се гони кривично за многу криминали што ги има направено.

Инаку, Чичаковски денес беше избран за претседател на ДИК, како независен кандидат. Повеќе за ова на следниот линк.

Најчитани вести