„Журнал“: Нова началничка поставена од Оливер Спасовски фатена со познат дилер на дрога

Кристина Николовска, новоименувана началничка на Оделение за криминалистичко разузнавачка анализа, синоќа била затекната на Граничен премин Меџитлија во патничко возило во кое се превезувал и дилер од Битола, познат под прекарот „Боцката“, кој со себе носел наркотици, пишува Журнал.нет.

Во моментот кога биле запрени од полицијата, дилерот се обидел да ја голтне прашкаската материја, но не успеал. Од страна на полицијата бил извршен претрес и покрај заканите на началничката дека била блиска со министерот Оливер Спасовски.

Дилерот Оливер Настевски-Боцката бил позитивен на амфетамин, а целата акција е реализирана по претходна информација дека се подготвува препродажба на дрога во Грција. Инаку и сопругот на новоименуваната началничка Николовска е вработен како инспектор во МВР и важи за близок до Миле Зечевиќ, пишува Журнал.

Како што дознава Журнал, новата началничка Николовска, која претходно била самостоен аналитичар, не е единствената што добила унапредување од Оливер Спасовски. Во акцијата за целосна партизација на МВР, Спасовски поделил поголем број нови решенија за партиски послушници на подрачјето на СВР Битола, игнорирајќи ги судските одлуки.

Од помлад инспектор, спротивно на закон за 5 нивоа, во началник е унапреден и Драганчо Велевски. Николче Георгиевски е унапреден за 3 нивоа од виш инспектор во во Началник на ОКП.

Николче Тасевски од полицаец во Командир на Полициско одделение за надворешно физичко обезбедување, што претставува незаконски скок за 3 нивоа. Maрјан Ангеловски од инспектор за прифат во ПС Македонски Брод во Началник на надворешната канцеларија за криминалистички работи.

За сметка на овие незаконски партиски унапредувања, деградирани се десетина други полициски службеници содолго работно искуство во полицијата, објави Журнал.