„Журнал“: Одработувај за СДСМ, направи платформа со СОРОС- рецептот на Алексов како да се стигне до многу пари

Невладината МОСТ која служи за мониторинг на избори и работи како продолжена рака на СДСМ е параван зад кој се вртат милиони, пишува порталот Журнал.нет.

Првиот човек на МОСТ Дарко Алексов, кој во јавноста е познат по блискоста до СДСМ, застапувајќи ги нивните ставови и одработувајќи за нивните интереси, при тоа прикривајќи се зад невладината невладината МОСТ е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет, пишува Журнал.

Невладината МОСТ чиј што прв човек е Дарко Алексов, пишува порталот, влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество на Владе Милчин, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ.

Тоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против Корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владе Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов. Така да на оваа квази платформа се приклучиле освен МОСТ, и Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија, Транспарентност Македонија чиј долгогодишен прв човек е Сашо Ордановски, кој е отворен косовски лобист, Транспаренси Интернешнл на Слаѓана Тасева и останати организации.

Очигледно рецептот како до многу пари е јасен. Дарко Алесков си одработува за СДСМ и направи платформа со СОРОС. Резултатот од ова се 4 милиони евра пари на сметката на МОСТ за неколку години, и две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов. За потсетувањеДарко Алексов, заедно со уште тројца други  се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од  1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари, пишува Журнал.


Ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор.