Журнал: Спасовски го прикрива криминалот на неговите соработници

Техничкиот министер за  внатрешни работи Оливер Спасовски замижува пред криминалот кој го прават неговите соработници, непревземајќи ништо, пишува порталот Журнал.

Министерството за внатрешни работи уште на 19 април до Основното јавно обвинителство Скопје поднело посебен извештај против командантот на мобилната Алфа единица Примислав Димовски поради злоупотреба и пречекорување на службените овластувања и кршење на работниот ред и дисциплина од член 208 од Колективниот договор на МВР и член 187 од Законот за внатрешни работи, дознава Журнал.

Како што дознава порталот. станува збор за настан кој се случил на 17.03.2016, кога по негова наредба е ослободено лицето Фљорим Ш. од Арачиново, кој е приведен во полициската станица во Центар, поради поседување на ладно оружје и не поседување на личен документ за идентификација.

Иако се работи за високо раководен старешина на една од единиците на МВР кои се најекспонирни на терен, Министерството за овој настан не информираше. Димовски неодамна беше распореден на таа позиција од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски кога незаконски подели стотици решенија, унапредувајќи незаслужено голем број партиски кадри.

Од МВР изостана и информација дали нешто ќе биде преземено против командантот на единицата или ќе се толерираат сомненијата за криминално работење се додека не се случи некаков посериозен инцидент, пишува Журнал.

Според информациите на порталот, тим на Алфа единицатаво непосредна близина на ТЦ Мавровка околу половина час пред полноќ, запрел црн БМВ џип кој имал таблички Версаче. Истите не соодветствувале на табличките од сообраќајната дозвола, по што полициските службеници извршиле легитимирање на лицата во џипот. Едно од лицата немало лични документи за идентификација, а при претресот од страна на припадниците на мобилната единица кај него бил пронајден нож, по што лицето е повикано во полициска станица.

Она што останува нејасно е како командантот на Алфа единицата разбрал за повикувањето на Фљорим Ш. во станица, но по спроведената истрага е утврдено дека во моментот кога полициските службеници во станицата во Центар ги изготвувале службените списи се јавил Примислав Димовски на мобилен телефон, се интересирал за случувањето и откако бил запознат со истиот издал наредба лицето да биде ослободено, со укажување до приведеното лице, во иднина да не носи оружје и истиот да се ослободи од ножот односно да го да го фрли.

Од страна на полициските службеници, му било укажано дека веќе лицето е во полициската станица Центар и дека се изготвуваат службените материјали, што истото Димовски го игнорирал инсистирајќи дадената наредба да се изврши.

Срамот за полицијата да биде уште поголем, лицето било ослободено без воопштво да биде предадено. Допонително по наредната на Димовски, од Фљорим било побарано сам да се ослободи од ножот, па истиот го фрлил ножот во блискиот контејнер, во присуство на полициските службеници за што заинтереираниот командат добил известување.

За ваквото несоодветното постапување на Димовски Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди спровел сериозна истрага, при што биле извршени разговори со сите инволвирани полициски службеници. Обезбедени се видео снимки од полициската станица Центар, како и комуникацијата преку телефон и смс на Димовски при издавањето на незаконската наредба, по што сите докази биле доставени до Јавното обвинителство, пишува Журнал.