Каракамишева: Одлуката на СЈО за предметот на Заев е скандалозна

Јавноста ќе дознае што се случило во Република Македонија и које виновен во целата политичка криза во која во залошнитво се држи целата Република Македонија и целиот македонски народ, истакна универзитетската професорка Тања Каракамишева како реакција за одлуката на Специјалното јавно обвинителство да го повлече обвинението за предметот „Пуч“ во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Тој што СЈО го направи вчера е жив правен резил и капиталец скандал од невиден вид. Да се повлечеш од предметот, во овој период од постапката, е невиден скандал кој мора да биде образложен, не со соопштение како што направија, туку со конкретно образложение, врз основа на кои факти дошле до ваквиот допис што го доставиле до кривичниот суд, изјави професорката.

Каракамишева додаде дека  по сите уверливи докази и факти што беа доставени, тешко е СЈО да образложи како дошле до ваква одлука.

-Со оглед на фактот што СЈО инсистираше овој предмет да го преземе од Јавното обвинителство за организиран криминал, со цел да се види правната вистина и да се утврди кривична одговорност на оној кој вистински е инволвиран во случајот, а знаеме од самиот предмет дека се работи за една организирана група што ја раководел Зоран Верушевски, а вмешани се и вработени во УБК, има скајп комуникација и информации што доаѓаат врз основа на признавање на еден од обвинетите, се работи за огромен број на докази, тешко е СЈО да образложи како процениле дека е добро да се повлече ова обвинителство и да се затвори предметот. Сега испраќаат допис до кривичниот суд и велат дека сакаат да го затворат случајот поради недостиг од докази и притоа додаваат дека доказите од Таргет и Тврдина биле контрадикторни со оние на случајот Пуч, појасни Каракамишева.