„Журнал“: Заработуваат одлично, а обвинуваат за режим- погледнете колку заработиле опозиционерите

Колку повеќе критикуваат и се погласни, толку повеќе заработуваат. Тоа е девизата по која се водат стотиците опозициски експоненти кои заработуваат милиони за својот ангажман, иако кога ќе ги прашате за условите на работа, први се кои ќе обвинат за режим и недостаток на слобода, пишува порталот Журнал.нет.

Додека обичните членови на СДСМ ги малтретираат и вршат притисоци да протестираат и блокираат раскрсници, нивните опозициски лидери заработуваат одлични хонорари на нивниот грб. Плати од неколку илјади евра, огромни хонорари надвор од редовната плата и пари од сорсовите организации се сливале кај голем дел од овие луѓе. Нема ниту еден кој е застапник на опозицијата и јавно настапува, а да нема финансиски бенефит за тоа.

Прв пример за ова е новинарот Борјан Јовановски кој го раководи  проектот и протал Нова ТВ си заработува милиони од ваквиот наизглед само обичен портал. Додека протестира како дел од платеничката револуција на СДСМ,  и се жали дека нема слобода, тој за две години има заработено 3.066.730 денари чиста заработка, од повеќе извори. Или по логиката терај си протести, обвинувај ја владата и направи по некој манипулативен текст, тој си инкасирал 50 илјади евра за само две години. Борјан Јовановски е дел и од аферата платеничка револуција која ја откри Нетпрес каде според нивните пишувања пари од соросовите организации завршувале во џебовите на луѓето од СДСМ, пишува Журнал.

Билјана Секуловска од истиот портал Нова ТВ и колешка на Борјан Јовановски за две години си заработила 2.818.466 денари, или од порталот кој предничи по критиките и шпекулациите против Владата инкасирала 45 илјади евра, објави Журнал.

Новинарот Зоран Димитровски од Фокус во последниве две години заработил чисти 1.481.630 денари. Фокус кој обвинува за тоталитарна власт и кој кажува дека постои режим, е одличен извор на финансии на соросовото перо Зоран Димитровски. Додека Љубиша Арсиќ за кого се говори дека се потпишува на готови и од друго место испорачани текстови во весникот Фокус за својот ангажман во последната година инкасирал над половина милион денари. Одлично е платен и еден од фронтмените на платеничката револуција и застапник на праватана ЛГБТ заедницата Огнен Јанески од Прилеп чија заработка минатата година изнесувала чисти 453.230 денари. И Јаневски е дел од аферата платеничка револуција на СОРОС и СДСМ, пишува Журнал.

Од друга страна добра заработка има и менаџерот на Телма, Атанас Кировски кој додека брка новинари од работа под оправдание дека нема пари, за две години од различни извори инкасирал 1.924.050 денари, од кои последната година само од Телма заработил 1.099.200 денари. Кировски и Телма која предничи во селективното пренесување на вести, и телевизија на која не можете да најдете било каква позитивна работа која се случува во државата е одличен извор за нејзиниот менаџер Кировски кого очигледно кризата на Телма не го допира и го заобиколува, пишува порталот.