„Журнал“: Зошто СЈО молчи за даночното затајување на Шилегов и Заеви?

Но, од друга страна информациите до кои дојдовме покажуваат дека токму за два слични случаи, но за многу поскапа стока СЈО замижува поради политички причини.

Првиот е прескапиот автмобил кој пратеникот на СДСМ Петре Шилегов му го купил на својот син Иван Шилегов. Овој автомобил е обзбеден преку фирмата на Шилеови избегнувајќи да се наплати ДДВ односно на истото подоцна ќе се обезбеди поврат, а е извесно дека Шилегов овој автомобил ќе го користи за лични цели. Шилегов се подновил со Сеат Леон.

За мојот надјобар син – напишал Петре на пораката оставена на новиот авотмобил за неговиот полнолчетен син Иван Шилегов.

Овој автомобил не е пријавен во имотната состојба на пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов.

silegov-

Вториот случај е милионскиот возен парк на кланот Заеви чии автомобили се егистрирани на име на фамилијарните форми од кои се црпат пари од тендери од оопштината.

Имено во исто време додека општината Струмица се сврсти за најкорумпирана во Југоисточна Европа во најновиот извештај на „Балкан Аналитик Груп“ со сомнително проневерени пари дури 100 милиони евра, Заеви уживаат во „Мерцедеси“, „Порше“, „Ауди“, повеќето во сопственост на фирми со кој одбегнуваат ДДВ.

Зоран Заев се вози во Ауди 8 вредно стотина илјади евра кое формално правно не е во приватна соственост на Заев, ниту општината Струмица, туку е обезбедено на лизинг од правно лице.

Се поставува прашањето како ова не е криминал за СЈО и зошто досега нема покренато истрага ниту обвинение за даночно затајување за некој член на СДСМ. Со ова на најдобар можен начин се доловуваат двојните стандарди на СДСМ и СЈО.

Дали Заев, Шилегов и СДСМ ќе продолжат да бидат заштитени мечки, или ќе започнат да одговараат пред законот?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.