Ѕверство во БиХ: Го запалиле пријателот и го оставиле да умре

Рамиз Јахиќ од Јеловче Село во понеделникот се здобил со тешки изгореници поради кои е на лекување во УКЦ Тузла.

Според официјално непотврдени информации, Рамиз бил во друштво со неколку лица кои го запалиле, а за настаните кои му претходел на ѕверството извршено врз него полицијата отвори истрага, која се уште трае.

izgorenici-1

Во меѓувреме, на социјалните мрежи е започната хуманитарна акција за собирање помош за лекување на Рамиз Јахиќ, кој живее од социјална помош, без редовни приходи.

izgorenici-2.jpg-500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.