Магазин

Ѕвездата на Беверли Хилс во карантин поради ебола

Ѕвездата на Беверли Хилс во карантин поради ебола

Четириесет и едногодишната Тори Спелинг викендот го минала во болнички карантин поради сомнение дека има ебола.

Ѕвездата на „Беверли хилс“ неконтролирано кашлала, имала висока температура, па тешко дишела. Поради тоа лекарите ја одвоиле од останатите пациенти и ги презеле сите мерки на превенција, како да се работи за ебола.

За среќа, Спелинг нема ебола, но сепак има здравствени проблеми. Тори страда од бронхитис со воспаление на синусите.

Лекарите ќе извршат некои анализи, а пулмолог ќе и’ ги прегледа белите дробови поради бронхитис.