Магазин

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери подложен на итна операција

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери подложен на итна операција

Ѕвездата на гледаната телевизиа серија „Пријатели“, Метју Пери, бил подложен на тешка операција поради проблем со дебелото црево, соопшти неговиот портпарол.

„Метју Пери неодамна беше опериран во Лос Анџелес поради гастроинтестинална перфорација. Тој е благодарен за загриженоста на фановите и замоли за мир, додека се излечи целосно“, изјавил портпаролот.

Како што велат лекарите, станува збор за сериозно оштетување, коешто во отсуство на итен третман може да биде опасно по животот. Претствници на актерот додадле дека Пети ја цени грижата за неговото здравје, но бара да се почитува неговиот личен простор додека се лекува, пренесе таблоидот TMZ.

Сегашните проблеми на 48-годишниот актер можно е да се предизвикани од зависноста од различни супстанци. Од 1997 до 2001 година Пери беше лекуван од зависност од викодин, метадон, амфетамини и алкохол.

„Најмногу имав проблем со пиењето и со опијатите. Мислам дека бев многу добар во прикривањето, но на крајот луѓето сфатија. Беше страшно за гледање. Бев болен човек“, изјави Пери во една прилика за телевизиската мрежа ABC.

Популарниот Чендлер Бинг во неколку наврати изјави дека едвај се сеќава на времето кога тој учествувал во серијата „Пријатели“, која го направи светски популарен.