Ѕвездата на светскиот фудбал Меси се ожени за пријателката од детството (фото)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра, Аргентинецот Лионел Меси, стапи во брак во петокот вечерта на свадбената свеченост во родниот град Росарио на којашто присуствуваа 250 гости, меѓу кои и соиграчите од Барселона, пренесуваат свеските агенции.

Избраничката на 30-годишниот Меси, е неговата пријателка до детството Антонела Рокуци, со којашто се познавале од деца. Врската ја започнале во втората половина од 2000-те години, а во моментов двојката има два сина.

Свадбената церемонија се одржала во луксузен хотел со зголемени безбедносни мерки. Акредитации за следење на настанот добиле 150 новинар, а во Росарио пристигнаа и другите ѕвезди на Барселона, како Нејмар, Луис Суарез и Жерар Шике со неговата сопруга пејачката Шакира.

„Тој воопшто не е променет. Тој е толку едноставен човек, како и претходно, и покрај сето она што го постигна“, изјавил пријателот од детството на ѕвездата Диего Ваљехос кој, исто така, присуствувал на свдабата.

Лионел Меси пет пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на годината, како играч на Барселона осум пати беше шампион на Шпанија четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите, покрај трофеите во шпанскиот Куп на кралот и на светско клупско првенство. Со репрезентацијата на Аргентина, пак, има стана само олимписки шампион во 2008 година, а во 2014 година аргентинската селекција предводена од Меси беше поразена од Германија во финалето на Светското првенство.