„Ѕвездено небо“ во чест на Тоше Проески

Десет години по последниот концерт кој Тоше Проески го одржа во Скопје, традиционално повторно ќе се одржи музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”.

Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија” во Скопје, утре, 5 октомври во 20 часот.

Оваа манифестација се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да го создадат легендарното „ѕвездено небо“ во негова чест.

Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат, водени од максимата на Тоше: „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.