Ѕвездите на Јунајтед подобри пеналџии од тие на Интер

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е на добар пат да избори пласман во финалниот натпревар од годинашното издание на Интернационалниот Гинис Куп кој се одржува во САД.

Избраниците на Луи ван Гал ја запишаа и втората победа во групата “Б” откако после подоброто изведување на ударите од белата точка, забележаа триумф од 5:3 во дуелот против италијанскиот калчо гигант Интер.

Јунајтед дојде до посакуваниот триумф откако ударите од белата точка во погодок ги претворија Јанг, Чичарито, Клеверли, Кагава и Флечер, додека за Интер, прецизни беа Гуарин, М’Вила и Тајдер, а ударот на младиот дефанзивец Андреоли заврши во десната статива.